Одобрено е третото европско натпреварување во фудбал, тоа го потврди и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Како дел од циклусот во европската фудбалска унија за периодот од 2021 до 2024 година, УЕФА потврди дека се подготвува ново натпреварување.
Лига Европа 2 ќе се вика натпреварувањето, а ќе има 32 учесници, а меѓу групната фаза и осминафиналето ќе има уште едно плејоф коло.
Новиот турнир ќе се игра во четврток, паралелно со мечевите во Лига Европа.
„Новото натпреварување е осмислено со кое треба да се овозможи учество во УЕФА натпреварувањето за поголем број на клубови. Ќе имаме повеќе клубови во Европа и повеќе натпревари. Ова натпреварување настана низ дијалог со Европското здружение на клубови“, истакна Чеферин.