Фудбалерите на Челси се освојувачи на трофејот во Лига Европа и тоа откако синоќа на завршниот меч во Баку му одржаа лекција на градскиот ривал Арсенал победувајќи го со 4-1.
Мирно беше во првиот дел за да во вториот се случи вистинска експлозија. „Сините“ имаат фантастични 16 минута, па од 49 до 65 минута дојдоа до водство од 3-0 со погодоците на Жиру, Педро и Азар од пенал. Надеж на „топчиите“ им даде нововлеениот Ивоби кој во 69 минута даде еден прекрасен гол, но таа надеж на четата на Емери ја згасна Азар во 72 минута на асистенција на Жиру.
До крајот имаше уште неколку одлични можности на двете страни, меѓутоа промени на резултатот немаше, па така Челси по вторпат во својата историја го освои трофејот во ова натпреваруње.