Чешки милијардер загинал во пад на хеликоптер на Алјаска, неговото богатство се проценува на 17,5 милијарди долари

870

Чешкиот милијардер Петр Келнер загинал во пад на хеликоптер на Алјаска, соопштила неговата финансиска група “PPF” денеска.

“PPF” наведува дека во несреќата, чии околности се истражуваат, загинале пет лица.

“Со најдлабока болка ви јавуваме дека основачот и мнозински сопственик на “PPF” групата, господин Петр Келнер, трагично загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска”, се наведува во соопштението.

Келнер почнал да го стекнува богатството за време на посткомунистичкиот период во Чешка, а неговото богатство, според “Forbes”, се проценува на 17,5 милијарди долари.

Во 90-тите години ја основал “PPF” како инвестициска компанија која учествувала во шема на приватизација на стотина државни компании.

Групата “PPF” вложува во низа гранки, од банкарство и финансискиот сектор преку биотехнологија, осигурување, телекомуникации, земјоделство, до недвижни. Седиштето на групата е во Холандија, но активна е и во Европа, Русија, Азија и Северна Америка.

Келнер, како што пишуваат чешките медиуми, бил нов сопственик на телеком операторот “Теленор” во Србија, Црна Гора, Унгарија и Бугарија.