Четворица патници од Бугарија загинаа вчера при пад на мал авион од типот „цесна“, кој се урнал кај Солунска Глава, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, од каде што додаваат дека авионот претходно се изгубил од радарскиот систем.
Остатоците од авионот и безживотните тела на четворицата патници биле лоцирани од хеликоптери и спасувачки екипи на МВР. Според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство, авионот летал на релацијата Охрид-Софија.
Контактот со авионот бил изгубен западно од Солунска Глава, а два полициски хеликоптера биле вклучени во потрагата по малиот авион.