Чочек во Турција: Ердоган и Милорад Додик лепеа пари на музичарите

637

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, заедно со останатите членови на Претседателството на БиХ, вчера во Анкара беа на средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

По официјалниот дел, имаше прес-конференција, а потоа следеше свечена вечера во главниот град на Турција.

Атмосферата на вечерата дополнително ја подобрија музичарите кои најпрво добија бакшиш од Додик, а потоа и Ердоган.

Додик му се заблагодари на Ердоган за донацијата од 30.000 вакцини против Ковид 19, во време кога БиХ не успеа да набави вакцини на друг начин.