Станислава Чочоровска, која во српските медиуми беше прогласена за “кралица на кокаинот”, се огласи на својот профил на Фејсбук по повод апсењето на актерката Силвија Стојановска.
Чочоровска со суров вокабулар и се обрати на македонската јавност, порачувајќи и дека не и местото да суди и да пресудува.

Статусот ви го пренесуваме во целост:
Многу сум среќна што не дишам ист воздух со македонската ментална беда. Имате сериозен проблем, знаете се’, лоши сте , едвај чекате некому било што да се случи, целата своја лична бедотија и болест да ја истурите врз луѓе покрај кои не сте можеле ниту да поминете во животот. Едвај дочекавте како хиени да ги унакажете.
Во оваа држава не треба да има новинари, бидејќи на ред не можат да дојдат да објават од вас, бидејќи знаете се’ за секого. Коментирате што ќе ви текне , веројатно така се чувствувате подобро истурајќи го својот бес некаде и нанесувајќи му некому зло.
Вистината за кокаинот ја знае само Силвија Стојановска. Кои сте бре вие, шљаму еден, некому предвреме да судите и пресудите без суд, по улици и кафани? Вас ли некој ќе ви полага сметки? Завртете се околу себе и погледнете се во огледало.
Половина Белград е по затвори и никој никого не коменира, трачари едни селски, затоа е Белград-Белград, порачува Чочоровска од Белград, а вие сте ем сељаци, ем проклети. Уживајте си, сити сте вечерва.

Чочоровска своевремено беше осудена на повеќегодишна затворска казна која ја одлежа во затворот „Идризово“ откако во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин.
Потсетуваме, на Стојановска ѝ се одредени 30 дена домашен притвор поради сомнеж дека била дел од мрежа за шверц со кокаин.
