Човек кој што 19 години ја чека својата смртна казна конечно ја прегрна својата мајка откако неговиот случај доби пресврт

621

Јанкши Жанг Џухан од Кина, помина скоро 27 години во затвор и е на смртна казна од 2001 година, откако ги признал убиствата. Сепак тој исто така вели дека полицијата го уценувала, го мачела и му се заканувала за да признае. На емотивната снимка може да се види како 52-годишникот ја прегрнува својата поранешна сопруга и 83-годишна мајка во нивното рурално село.

На снимката, поранешната сопруга на Жанг толку била преполна со емоции што и се слошило и морала да биде пренесена во болница. Таа го поддржувала својот сопруг постојано, но решиле да се разведат во 2001 кога мислеле дека Жанг нема жив да излезе од затворот. Жанг исто така го прегрнува и најмалиот син кој во времето на неговото аспење бил бебе, а постариот имал само 4 години.Од неговото апсење семејството постојано се обидувало да ја докаже неговата невиност со тоа што 52-годишникот конечно ја докажа својата невиност во вторникот на 4 август. Жанг бил уапсен во 1993 година, два дена откако телата на две момчиња на возраст од 4 и 6 години биле пронајдени во барата во неговото село. Жанг кој им бил сосед на децата веднаш бил главен осомничен иако немало ниту еден доказ кој го поврзува со убиствата.