Човекот до кој никој не можел да допре – првиот сопруг на Брижит Макрон бил погребан во најстрога тајност кон крајот на минатата година: „Беше посебно суштество“

649

Андре Луи Аизиер, првиот сопруг на француската прва дама Брижит Макрон, на кој по разводот му се изгубило секаква трага, починал во месец декември минатата година, открила за колумна во Париз Тифани, нивното најмладо дете.

Андре Луи Аизиер и Брижит Макрон се венчале во 1974-та година, а набрзо потоа добиле три деца: Себастиан, Лауренсе и Тифани.

По неколку години семејна среќа, бракот влегол во турбулентен период откако Брижит, тогашна наставничка по книжевност, го запознала Емануел Макрон.

Таа со својот ученик многу разговарала за книжевноста и театарот, а помладиот Макрон признал дека нешто чувствува кон неа. Иако чувствата биле взаемни, Брижит имала семејство кое што не сакала да го остави, па нивната врска со Макрон била дисктерна.

За крајот на нивниот брак пресудил Андре, кој што поднел документи за развод, а го завршиле во 2006-та година. Следната година Брижит се венчала со Макрон.

По разводот од Брижит, Андре одлучил целосно да се повлече. Пред претседателските избори во 2017-та година, новинарите се обиделе да најдат некаква трага од него за да добијат некое интервју, но никој не успеал во тоа.

Дури и веста за неговата смрт долго била чувана во тајност, сè до 8-ми октомври кога неговата помлада ќерка Тифани во колумна открила дека поранешниот сопруг на првата дама на Франција починал кон крајот на минатата година.

„Мојот татко е мртов. Го погребавме во најстрога тајност на 24-ти декември. Го обожував, беше посебно суштество, некомформист кој што ја ценеше својата анонимност. Тоа мора да се почитува“ – објаснила Тифани во колумната.

Поранешниот сопруг на француската прва дама бил погребан на гробиштата Пјер-Лашез во Париз, познати како вечно почивалиште на Џим Морисон и Оскар Вајлд.

View this post on Instagram

Notre couverture cette semaine.

A post shared by Paris Match (@parismatch_magazine) on