Човекот гениј кој течно зборува над 20 јазици живее во Македонија

1053

Ричард Симкот е хиперполиглот кој веќе 7 години живее во Македонија.

Тој има дарба за учење нови јазици и течно зборува повеќе од 20 јазици. Освен јазиците на кои зборува течно, тој активно учел повеќе од 50 јазици. Роден е во Велика Британија и неговиот мајчин јазик е англискиот. Уште на рана возраст научил да зборува француски, а со оглед на тоа што живеел близу англиско-велшката граница, научил и велшки. Откако неговиот татко се оженил по вторпат со Тајланѓанка, тој почнал да учи тајландски, а подоцна научил и турски, полски, хебрејски, кинески, исландски, македонски и есперанто.

Тука можете да погледнете како ги применува некои од јазиците што течно ги зборува.

Тој работи во британската дипломатска служба и така по службена должност цели 7 години поминал во Македонија. Зборува течно македонски, а вели дека дел од јазикот сака да му пренесе и на неговиот син.

Ричард вели дека најбрзо го научил словачкиот јазик – за само 2 недели.