Човекот кој прв пристигнал на местото на несреќата се расплакал пред камерата: “Не гледав дали станува збор за Македонец или Албанец, гледав само да им помогнам”

4760

Музафер, жител на село Ласкарци прв пристигнал на местото на трагичната несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово.

Тој му помогнал на повредениот возач на автобусот и го одвел во болницата “8 Септември”, а за ТВ21 изјавил дека глетката била страшна. 

“Тоа беше страшна трагедија, насекаде имаше лешеви”, раскажал Музафер низ солзи.

Тој го одвел возачот и уште шест лица во болница, а како што и самиот вели “не гледал дали станува збор за Македонец или Албанец, гледал само да им помогне”.

Во автобуската несреќа, животот го загубија 14 патници, а седуммина се борат за живот.