Чуден снег во Шпанија? Жена тврди дека тој не реагира како нормалните врнежи, кога ќе се загрее поцрнува

745

Една жена од Шпанија тврди дека снегот кој го донела бурата Филомена не е вистински снег.

На видео снимката која кружи на интернет таа зема малку снег од својот балкон и го загрева со пламен од запалка, покажувајќи дека снегот не се топи, туку дека станува црн. Според неа, изгорената супстанца мириса на пластика.

„Како што гледате, не се топи, колку и оган да му доближам, поцрнува. И мириса на изгорена пластика. Знам дека на многу места падна снег, па тоа и сами го гледате… Ова ср*ње кое нѝ го испраќаат, тоа е чиста пластика. Тие постојано нè залажуваат, проверете и сами“, вели жената во видео снимката.

Многу корисници на социјалните мрежи ја нападнале во коментари, а поголем број од луѓето се обиделе да го објаснат феноменот: според некои, ова е нормална реакција, бидејќи најголемиот дел од топлината насочена кон снежната топка се прераспределува на целиот нејзин волумен.

Мирисот на ‘пластика’ потекнува од нечистотии во гасот од запалката, а ‘црниот’ снег се појавува поради процесот на хемиска сублимација, кога материјалот се трансформира од цврста состојба во гас, прескокнувајќи ја фазата на течна состојба.