Чудна изјава на трофејниот стручњак: Мбапе вреди повеќе од Роналдо!

742

Килијан Мбапе две години по ред е прогласен за најдобар млад фудбалер во светот, но не е далеку денот кога ќе ја крене Златната топка.

За тоа е свесен и Жозе Мурињо кој при една своја анализа за телевизијата Беин спортс изјави дека Мбапе во моментов вреди повеќе и од Кристијано Роналдо.

„Тој уште сега е неверојатен, а замислете каков играч ќе биде за пет години. Меси и Роналдо се над 30, Нејмар има 27, иднината останува на Мбапе. Тој и сега е повреден од Роналдо“, изјави Мурињо.

И покрај тоа што има само 20 години, Мбапе во својата колекција има две титули од домашното првенство и една од ланскиот Мундијал. Сезонава се бори и за Златната копачка и му недостасуваат три гола да го стигне Меси.