Црн ден во Србија: Најмногу заразени во еден ден од почетокот на пандемијата

433

Според последниот ковид пресек 45 лица починаа од коронавирус во Србија, додека регистрирани се 8.467 нови случаи на заразени со ковид-19, што е досега најголем број во еден ден, од почетокот на пандемијата.

Во последниот извештај, тестирани се 26.292 примероци, од кои 8.467 се позитивни.

Во последните 24 часа починаа 45 лица, а досега, вкупно 8.142 пациенти починале од корона вирусот.

На респиратор има 251 пациент, а 6.155 пациенти се хоспитализирани.

Вкупно од почетокот на пандемијата се тестирани 5.601.570 луѓе, а 926.269 се потврдени случаи на ковид-19 во Србија од појавата на вирусот.