Црна Гора воведува акциза на сладолед

693
Новите износи на акцизата во Црна Гора ќе важат од 1 јули, а се со цел да се намали негативното влијание на акцизните стоки врз здравјето на луѓето.

Од 1 јули во Црна Гора покрај зголемувањето на акцизите за тутунските производи, алкохолните пијалоци, воведува и акциза за сладолед и други производи кои содржат шеќер.Приходот што ќе го добие државата од новото зголемување на акцизите се пресметува на околу 16,8 милиони евра.

Ова, како што пишуваат тамошните медиуми, е содржано во измените на црногорскиот  Законот за акцизите кои се носат со цел да се сузбијат негативните ефекти што ги има употребата на тутунски производи, алкохолни пијалоци и производи со додаден шеќер врз здравјето на граѓаните.

Според она што е најавено акцизата за тутун ќе се зголеми  во просек за 10 евра и тоа за фино исечен тутун таа ќе изнесува 55 евра, за друг тутун за пушење  35 евра за килограм и за не запалив тутун, за кој се плаќа акциза за килограм со нето тежина, се предлага да се зголеми на 70 проценти од минималната акциза.

Ќе се зголеми и акцизара за пиво и други пенливи пијалоци.  Акцизата за пиво ќе се зголеми за две евра за волуметриска содржина на алкохол по хектолитар пиво, а акцизарта за пенливите вина ќе изнесува  40 евра по хектолитар.

Со новиот закон се воведува и акциза на другите не пенливи ферментирани пијалоци од 35 евра по хектолитар.

Кога се во прашање производите кои содржат шеќери, црногорската влада планира да воведе акциза на производи од шеќер, какао и сладолед, што би се плаќало во износ од 0,6 евра за килопграм.

Покрај тоа, ќе се зголеми и акцизата за газирани пијалоци на 35 евра за хектолитар.