Д-р Беќаровски: „Цивилите“ еден ден ќе разберат дека ограниченото движење можеби им го спасило животот

825

Д-р Беќаровски повторно се огласи на социјалната мрежа Фејсбук коментирајќи ја ситуацијата со Ковид-19 во земјава.

Овојпат докторот го спореди Ковид-19 со „снајперист“, па на метафоричен начин се обиде да даде објаснување.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

„СНАЈПЕРИСТОТ КОВИД-19

Вирусот е како најпрецизен снајперист.

Тивок, невидлив, подмолен.

Само вчера успеа да “рани” најмалку 999 луѓе и да “убие” 14.

А кога државата ни е преплавена со “снајперисти” нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.

И да во целост се согласувам дека сите кои веќе беа “ранети” од овој убиец имаат подобар, или еднакво добар штит како нас “истренираните”.

А “цивилите” кои не веруваат дека сме под “вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасил животот.

Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме.

А генерали ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден“, напиша д-р Беќаровски.