Д-р Лиу Лангод од Вухан кој извршил аутопсија на починатите од коронавирусот: „Во белите дробови најдовме слуз“

829

Досега се направени вкупно 12 аутопсии од кои, тимот на професорот доктор Лиу Лангод Медицинскиот факултет во Вухан направил девет.

Серијата аутопсии направени на починатите од коронавирусот откриле информации од витално значење за клиничкиот третман на болеста, открива форензичарот кој вршел обдукција на починатите тела.

Лиу Ланг, професор д-р на Медицинскиот факултет во Вухан изнел некои сознанија во неодамнешно интервју кое што го имал.

Првата аутопсија била направена на 16-ти февруари, а досега кинеските научници извршиле 12 обдукции од кои Лиу направил девет.

Патолошките наоди укажуваат дека Ковид-19 има сличност со САРС, но и дека оваа болест има и други карактеристики.

Судејќи по извештаите, болеста предизвикува дистална алвеоларна штета, поточно во дишните патишта пронајдена е голема количина на “леплив шлајм“. Ова е проблем на кој треба да се насочи целото внимание.

„На пример, нормалното белодробно крило на допир е како сунѓер затоа што во него има воздух. Но, белодробното крило заразено од коронавирусот не изгледа така. Тоа повеќе не е белодробно крило, тоа е консолидација (промена карактеристична за воспаление на белите дробови). Нешто друго се наоѓа во белите дробови и поради тоа мора да знаете која е таа патолошка промена како се лечи истата. Во спротивно сето тоа е бескорисно, како да испуштате кислород во затворени патишта“ – изјавил д-р Ланг.

Со напомена дека аутопсијата на починатите од коронавирусот е многу ризична, докторот исто така истакнал дека би му било многу срам доколку не може да допринесе ништо во одбраната од коронавирусот.