Сè што е потребно за создавање на моќен имунитет, се наоѓа во овие намирници.
Добрите бактерии во организмот се важни за одржување на многубројни здрави функции, како што е зајакнувањето на имунитетот, регулирање на расположението и еластичноста на кожата.
Во нашиот систем за варење се наоѓаат безброј видови бактерии, а нутриционистите велат дека треба да обрнете внимание на намирниците кои што ѝ одговараат на една од нив, а станува збор за за бактеријата akkermansia muciniphila.
Оваа бактерија е многу важна за одржување на здравјето на целиот организам, а особено за здравјето на слузокожата која што е бариера помеѓу нашиот систем за варење и остатокот од организмот. Кога слузокожата е здрава, нема ризик од бактерии и несварени честички од храната, како и нивно стигнување во крвотокот.
„Три намирници кои се клучни за здрав развој на оваа бактерија се: зелен чај, калинка и брусница“, открил д-р Марк Хајман.

„Секоја од овие намирници е богата со фитохемикалии и содржи танин, флавонол и антоцијанини кои што имаат одлични антиоксидативни својства. Во калинката се наоѓаат и растителни влакна, а во зелениот чај и брусницата антиоксиданси“.
Антиоксидансите се молекули кои што се наоѓаат во нашето тело и се прва одбранбена линија на организмот, а главната улога им е да го заштитат телото од слободните радикали.
Предлогот на овој доктор е за доручек да јадете овесна каша со додатоци како брусница и калинка, а покрај тоа да испиете по една шолја зелен чај. На овој начин на вашето тело ќе му обезбедите неопходни материи за јакнење на целиот имунолошки систем.