Доктор Никола Пановски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека во моментов не е многу важна брзината со која се вакцинира, тоа било важно во јануари и февруари.
„Сега не е битно дали ќе оди вакцинацијата брзо, бидејќи ситуацијата е мирна. Битно беше во јануари, во февруари да вакциниравме поголема бројка луѓе, да спасевме едно 1.000 животи. Да се спречеше тоа ширење. За мене сега побитно е да има квалитетни вакцини и до крајот на септември да бидат вакцинирани сите што сакаат и оние што се премислуваат. По моја проценка тоа ќе бидат околу милион луѓе, што би се вакцинирале до септември“, вели Пановски.
Инаку, во земјава паѓа бројот на заболени од коронавирусот. За 24 часа има 46 новозаразени.