Да не биле српските доктори, Шаќири ќе останел инвалид

938

Фудбалерот на Ливерпул Џердан Шаќири никогаш немал да заигра фудбал ако не биле српските доктори, пренесуваат српските медиуми во пресрет на мечот помеѓу Ливерпул и Црвена Звезда.

Иако Шаќири не допатува на натпреварот во Белград со цел да се избегнат тензии, сепак тој и понатаму е во центарот на вниманието.

Албанецот бил роден во Гњилане во 1991. година со деформитет на двете стапала, а успешно бил лечен во белградската Универзитетска детска клиника.

Шаќири бил спасен од страна на еден познат српски доктор кој користел во тоа време револуционерна метода. Со тоа му овозможил не само успешна фудбалска кариера туку и нормален живот, бидејќи без тој третман, Шаќири не би можел да се движи нормално.

Шаќири во 1992. година со неполна една година бил лечен од вроден деформитет на стопалото. Стапалата му биле свртени кон внатре поради недостаток на место во стомакот на неговата мајка. Најпрво бил испратен од Гњилане во Врање, а од таму во Белград. Таму го лечел познат доктор, познат за таков вид деформитети“, вели извор за српски „Информер“.

На Шаќири тогаш била употребена таканаречена Понсетиева метода. Втората опција била операција на двете стапала, што е далеку поризична варијанта.

Српските медиуми не забораваат и да го „пецнат“ Шаќири, велејќи дека тој на српските лекари им должи се, а тој упорно се труди да ги провоцира Србите на секој чекор.