„Никој ова не го очекуваше. Никој не можеше да претпостави дека ќе однесе толку многу животи и дека ќе се случи толку брзо. Ова не е обичен грип“, раскажува новинарот на “Sky News”.
„Докторите велат дека никогаш не виделе вакво нешто“, вели новинарот кој направи потресна репортажа од најпогодениот италијански град – Бергамо.
Во болницата во градот на северот на Италија каде што е направена репортажата, може да се видат пренатрупаните соби и ходници со пациенти и како докторите брзаат од еден на друг пациент да му помогнат и да го спасат неговиот живот.