Кралицата во неколку наврати морала да го тргне вниманието од некогашната актерка
Американската миленичка наводно не е никаков ангел, а за тоа се зборува уште од времето кога Холивуд беше нејзиниот сон.
Уште на почетокот од врската на Меган и Хари, нејзината тогашна асистентка ја опишувала како личност со тежок карактер, со која многу е тешко да се работи.
Според нејзините зборови, 36-годишната војвотка од Сасекс мрази негативност и силно е фокусирана на тоа да го добие она што го сака, поради што ги прекинала сите контакти со луѓето кои ги доведуваат до прашање нејзините одлуки.
Иако Меган секогаш била топла и исклучително харизматична личност, сè се променила откако го запознала принцот, а клучната трансформација се случила во септември 2016 година, кога присуствувала на настанот One Young World во Отава.
На молбата од новинарот да му одговори на неколку прашања, Меган безобразно му кажала да разговара со нејзината агентка.
„Бев во шок, бидејќи никогаш претходно не го направила тоа. Секогаш била топла и дружељубива. Од тој момент стана многу тешко да се работи со неа, особено кога стануваше збор за активности што не се на нејзиниот распоред.“
Нејзиното променливо расположение го почувствувал на своја кожа и самиот принц Хари, но изгледа дека тој сè уште е премногу заљубен во својата сопруга и мајка на идното дете, па сè ѝ опростува.
Имено, Хари поради Меган морал да престане да пуши но и да се дружи со пријателите со кои се познава од мали нозе.
„Сè е тоа дел од нејзиниот план да го преобрати Хари и да го обликува во нов, доследен и послушен член на кралското семејство. Не сака никакви афери, киксови и скандали. Освен тоа, парот планира семејство, па моментално целосно се концентрирани на тоа“, изјавил еден анонимен извор за британските таблоиди.
Но таа изгледа многу добро знае кога и колку треба некого да контролира. Така, на првите јавни појавувања изгледала многу надмоќно над својот партнер, но како што се приближувала официјалната венчавка, сè повеќе му дозволувала на Хари да ја почувствува надмоќта.
Нејзиното самоуверено однесување, особено пред медиумите, кое вклучувало таа сама да одбира по кој пат таа и Хари ќе се движат, паднало во втор план кога таа буквално му дозволила на својот свршеник да ја „води“.
„Како што венчавката сè повеќе се приближува, таа прави сè за да го издигне и да направи ѕвезда од него. Таа дефинитивно го врти околу малиот прст, но не мислам дека манипулира со него во негативна смисла на зборот“, изјавил своевремено експерт за говор на тело.
Неодамна паднале во вода и сите претпоставки дека таа е миленичка на кралицата Елизабета Втора и дека тие две одлично се сложуваат.
Меган наводно знае да биде многу тешка, а кралицата ѝ замерила уште пред венчавката и оттогаш не престанала тензијата помеѓу нив. Кралицата Елизабета Втора го предупредила принцот Хари за однесувањето на неговата свршеница и сегашна сопруга Меган Маркл, пред нивната венчавка во мај, а барањата на Меган поврзани со свадбената тијара ја прелиле чашата.
Според книгата на репортерот Ричард Џобс, принц Хари бурно реагирал на фактот дека неговата сакана не можела да ја добие тијарата што ја сакала, па ѝ напоменал на послугата:
„Тоа што го сака Меган, тоа и ќе го добие.“
Иако многу добро манипулира со Хари, кралицата очигледно не планира да ги исполнува барањата на војвотката од Сасекс.
Кралицата го предупредила внукот дека Меган треба да внимава како разговара со послугата и дека мора да се држи до кралскиот протокол со посебно внимание. А некогашната актерка неодамна ја налутила и Кејт Мидлтон која ѝ замерила поради нејзиното непримерно однесување кон послугата.
Извор близок на кралското семејство изјавил дека Меган знае да биде тешка.
„Имал многу високи стандарди и навикната е да работи во холивудско опкружување. Од друга страна, пак, во кралското семејство владеат поинакви правила и ниво на почитување, а Кејт отсекогаш внимавала како се однесува во присуство на слугите.“
Но Кејт не треба да се грижи, особено откако е откриено дека Хари и Меган ќе се отселат од Лондон за да го воспитуваат детето, но и дека принцот Хари и неговиот брат принц Вилијам ќе ги одвојат своите канцеларии и помалку ќе се појавуваат заедно. Судејќи по тоа, нивните средби би требало да се случуваат само на некои поважни настани и семејни собири.