Далеку од очите на јавноста: Ова е правнуката на Тито, но кога ќе ја видите нејзината ќерка ќе ви се помати во умот (ФОТО)

1347

Правнуката на Јосип Броз Тито, Саша Броз на својот Инстаграм профил објави фотографија со својата ќерка Сара.

Фотографијата е направена за време на нивниот лет за Лондон на аеродромот во Загреб.

Нејзината ќерка Сара инаку е заљубена во уметноста, се бави со сликарство и е студентка на Академијата за ликовни уметности во Загреб.

Минатата година ја имала својата прва самостојна изложба, а неодамна се најде во центарот на вниманието во хрватските медиуми поради провокативниот изглед и длабоко деколте, погледнете.

Александра Саша Броз е позната во јавноста поради не ретко острите критики кон сите непочитувачи на делото на нејзиниот дедо. Како што вели Александра, по последните напади на ликот и делото на доживотниот претседател на поранешна СФРЈ Јосип Броз Тито, чие име наскоро ќе биде отстрането од плоштадите во Загреб и Карловац не го доживува премногу емотивно и укажува на тоа дека не се сите против Тито.

Како тој да е виновен за се што ни се случува во државата која влезе во ЕУ, но е се подалеку од Европа. Како со сите сили да се трудиме седумдесет и некоја година после големата војна да се определиме во поразените иако хрватските антифашисти заедно со србите, словенците и босанците дадоа голем придонес фашизмот и нацизмот да бидат победени, додада таа.

Александра Саша Броз исто така наведува дека граѓаните на Загреб на референдум би одбиле преименување на плоштадот на кој се хрватскиот народен театар, правниот факултет и ректоратот, музичката академија и музејот за уметност.

Градоначаликот на Загреб Милан Бандиќ најави преименување на плоштадот во плоштад на Република Хрватска а во четвртокот беше поставена и првата табла која заврши во ѓубре.

Приказната е едноставна, загребскиот градоначалник Милан Бандиќ кој го доби и шестиот мандат не би можел да опстане без коалицијата со десницата која ја предводи поранешниот министер за култура Златко Хасанбеговиќ, додава таа.

Таа наведува дека постои негативен став за Тито, но дека со нејзниот дедо се манипулира редовно пред секои избори.

Десницата вели дека Тито бил диктатор и убиец, левицата во Хрватска молчи, како и за се, забиена во глувчешка дупка, а оние малкуте стари антифашисти кои дојдоа покрај Тито и онака никој не ги слуша, наведува Александра Броз.

Иако таа наведува дека сето тоа не го доживува емотивно. Вели „Би била луда кога би ги сватила сериозно луѓето кои се во страв од мртов човек повеќе од триесет и седум години.“

„Би сакала да кажам дека тоа е лош виц. Драго ми е што постои голема маса луѓе кои сеуште говорат со почит спрема Тито. Презимето Броз звучи задолжително, но е најубаво на светот. Кога ќе се започне разговор за тито до цитирам Достоевски, се ќе помине само вистината ќе остане“, наведува таа.