Цеца Ражнатовиќ непосредно пред обелоденувањето на љубовната врска со Жељко Ражнатовиќ Аркан ја потстрижа косата кратко, па во регионот се појавија гласини дека тоа е дело токму на воениот командант, кој на тој начин ја „казнил“ својата љубовница.
До денес се’ уште кружат шпекулации дека Цеца не ја истрижила сама косата, па затоа ве потсетуваме на интервјуто што сопружниците го дадоа за популарниот водител Минимакс во неговата ТВ-емисија „Максовизија“ за време на заедничкото гостување.
Имено, Цеца и Аркан признаа јавно дека се вљубиле на прв поглед. Жељко ја видел во белградскиот хотел „Интерконтинентал“ и веднаш му се допаднала младата пејачка. Ги запознал Оливер Мандиќ, кој ги ангажирал Цеца и Џеј Рамадановски да пеат на прославата во хотелот…
Тоа беше љубов на прв поглед, нормално. Јас многу се плашев од него и пред да го запознам, воопшто не ми беше симпатичен. Читав многу за него и имав искривена слика за тоа каков човек е“, раскажа популарната пејачка во 1996 година за време на гостувањето кај Минимакс, на што се надоврза Аркан:

Слушнав дека сум истрижил некоја Цеца. Од пејачиte ги познавав покојниот Томa Здравковиќ и Лепа Лукиќ и никогаш немав слушнато за Цеца, ниту, пак, ја имав видено во живо. Кога дојде, тие ми ја претставија како девојката што сум ја ‘стрижел’. Така се запознавме“, рече тогаш Аркан, а потоа Цеца го прекина: „Не беше така, туку: ‘Дај да ја запознаам таа Цеца! Навистина ми е драго да ја запознам девојката што ја стрижам цела година а не ја познавам’.