Дали и од кога ќе се намали полицискиот час ?

751
Дали по 47 дена живот со полициски час викендов ќе имаме пократка забрана за движење и повеќе време за шетање ќе се знае утре.

Министерот за здравство Филипче во утринската програма на Канал 5 кажа дека утре на состанок во Владата ќе се направи пресек на состојбата со корона вирусот за изминативе две недели. Следствено на последните анализи на епидемиолозите, властите ќе пресечат дали и кои мерки ќе олабават.

Дека е време забраната за движење да попушти за Канал 5 потенцираше првиот човек на МВР Наќе Чулев. Според него, и во сабота и во недела полицискиот час треба да почнува од 19 часот исто како во работните денови.

Оваа рестриктивна мерка прв пат стапи на сила на 22 март. Тогаш забраната за движење започнуваше од 21 часот и траеше до 5 часот следното утро.