Како што знаеме, Пабло Ескобар стана милијардер преку произведување и дистрибуција на кокаин.
Возбудливиот и напнат полудокументиран тестамент „Наркос“, за падовите и воздигнувањата на најнасилниот и најбогатиот криминалец Пабло Ескобар, ја ‘купи’ публиката.
Хит серијата која што ја креирале продуцентите Крис Бранкато, Карло Бернард и Даг Миро, сместена е и снимена во Колумбија, што дополнително ѝ става печат на веродостоjност.
Првите две сезони се базирани на приказната за најголемиот наркобос и криумчар Пабло Ескобар, кој што станал милијардер преку произведување и дистрибуција на кокаин, додека исто така се фокусира и на интеракцијата на Ескобар со останатите наркобосови и агенти од управата за сузбивање на дрога и останати супстанции.
Третата сезона од серијата нè води низ приказната на падот на Ескобар и продолжува да ги следи агентите кои што се спротиставуваат на порастот на озлогласениот картел Кали.
Моќта на Ескобар, но и животот во оваа легендарна серија исто така ја следиме низ конфликтите на DEA, полициската агенција за сузбивање на дрога, но и борбата за надвласт со останатите наркобосови.
Продукциското партнерство на Netflix и Gaumont International Television, ја испорачало серијата која што го освои светот, а која што во 2015-та година почна ексклузивно да се прикажува на Netflix.
Серијата е со брз ритам, и ги следи фактите и реалните настани, додека пак архивските снимки потсетуваат на реалноста и хоророт кој што го започнал Ескобар и на серијата ѝ даваат доза на документарност.
Серијата е интензивна, дава факти од некои ситуации со кои јавноста можеби досега не била запозната и на момент делува вознемирувачки, но и покрај сè гледачите ја обожуваат и следат во голем број.
А, на самиот крај… Барем во ова маестрално дело: Ескобар бегал од прогонувачите по кровот…
Pablo Eskobar poslednja fotografija pic.twitter.com/YLMi29kmVy
— Verdzil soloco (@VerdzilS) April 27, 2020