Дали по 45 години Вуди Ален ќе направи пауза од снимање?

822

Највредниот режисер на денешницата, Вуди Ален, кој од 1974 година снима по еден филм годишно, се соочува првпат со можност за прекинување на оваа низа. Можно е во 2019 година да нема нов филм од Вуди Ален.

До крајот на 2018 година, “Амазон“ ќе го прикаже “Дождлив ден воЊујорк“, 48-от филм во неговата кариера, но после ова 82-годишниот режисер нема најавено нови проекти. Темпото на работа на Вуди Ален е незамисливо за современата кинематографија, и тој во последните 44 години пишува, режира и снима секоја година. Иако во 2016 година потпиша договор за пет филмови со “Амазон“, според кој треба да досними уште три, сепак се чини дека повторните потсетувања на неговата посвоена ќерка Дилан Фароу за негово злоставување, фрлаат сомневање дека “Амазон# ќе го продолжи договорот со славниот режисер.