Дали сте ги посетиле 10-те најубави земји во светот?

1113

За жал, Македонија не е една од најубавите земји во светот, иако поседува голем број природни убавини. Земјите кои се наоѓаат на листата за најубави земји во светот се Хрватска, Норвешка, Костарика, Филипини, Јужна Африка, Мароко, Малезија, Чиле, Танзанија…

Еве што издвоивме како задолжителна препорака за секоја земја, без разлика дали се работи за нејзините природни убавини, кулинарски специјалитети, архитектури, растителен или животински свет…

1. Хрватска

Во Хрватска мора да ги видите Плитвичките езера. Националниот парк Плитвички езера е нешто што не смеете да го пропуштите.

2. Норвешка

Во Норвешка задолжително посетете го Геирангер фјорд, една од најубавите и најпосетуваните туристички атракции на оваа земја.

3. Грција

Секој од 6000-те острови во Грција има единствена панорама. Испружете се на една од илјадниците плажи или посетете ја планината во областа на Епир.

4. Костарика

Истражете го подводниот свет на кристалната вода, на Кокосовиот остров. Но, доколку нуркањето не е вашиот омилен спорт, посетете некоја од 100-те заштитни локации на оваа земја.

5. Филипини

Уживајте во панорамата на оризовите полиња во Банауе или уживајте во возењето низ Манила.

6. Танзанија

Планината Килиманџаро, како и 4-те милиони диви животни, ќе ве остават без текст во оваа држава.

7. Јужна Африка

Биолошката разновидност во оваа земја е неверојатна. Постојат 9.000 различни билки и 300 видови цицачи.

8. Чиле

Доживејте го најубавото зајдисонце во пустината Атакама или набљудувајте ги пингвините на островот Пунта Томбо, кадешто се наоѓа колонија од дури 500.000 пингвини.

9. Мароко

Посетете го синиот град Шефшауен, кој само дополнително ја истакнува сликовитата сценографија на оваа мистериозна земја или истражете ја Сахара.

10. Малезија

Националниот парк Кинабалу е дом за 5000 видови ретки билки, додека ветерот што дува над Камерон, мириса на јагоди и еукалиптус.