Рускиот претседател Владимир Путин е можеби еден од најбогатите луѓе на светот, но тоа го крие, вели новинарот и писател Лук Хардинг.
Проблемот е во тоа што во Русија е табу било каков разговор на тема Путин и неговите пари, објаснува тој.
Овој поранешен новинар на “Guardian” се занимавал со оваа тема во книгата “Заговор: Тајни состаноци, валкани пари и како Русија му помогна на Трамп да победи”.

Заснована е на информации добиени од извори од администрацијата на рускиот претседател.
“Тие рекоа дека мислат дека богатството на Путин е вредно околу 40 милијарди долари, а тоа беше пред 10 години”, вели Хардинг за “Business Insider”.

Во Русија, како што тврди, владее клепократија, која му оди во прилог. Тоа е облик на политичка и државна корупција во која државата и владата постојат за да го зголемат личното богатство и политичката моќ на своите лидери и владејачката класа на штета на народот.
“Тие, исто така, се и најголеми произведувачи на нафта, а луѓето во врвот на руската држава се во главно мултимилијардери. Путин е на врвот на таа пирамида, иако официјално неговата плата изнесува 100.000 долари годишно”, вели тој.

Рускиот претседател, наводно, контролира 37 проценти од руската нафтена компанија “Сургутнефтегаз”, а има и акции во компанијата за трговија на роба “Гунвор”…
“Целата руска елита знае дека тој е “најбогатиот маж во градот”, но убавината на нивниот систем е формално ништо од тоа да не му припаѓа нему, туку на застапниците, од кои повеќето се под американски санкции”, вели Хардинг.
Парите се дел од моќта, додава тој, а моќта е тоа што Путин го интересира.
