Дали заедно ќе дојдат во Скопје? Ципрас и Перистера се заедно 20 години, не се венчани и имаат две деца, едното се вика Че Гевара

954

Грчкиот премиер кој утре ќе дојде во официјална посета на Македонија 20 година е во врска со Перистера Бациака. Тие живеат во неформален брак, но не се венчани. Алексис вели дека е лудо вљубен во неговата партнерка и таа му е голема поддршка.

Се запознале како тинејџери и заедно станале членови на Комунистичката младина на Грција. Алексис стана првиот неоженет премиер на Грција.

Бети, како што ја викаат во Грција, ја опишуваат како динамична жена работи како компјутерски програмер.

Тие имаат две деца, а како приврзаник на комунистичката идеологија на синот му го дал името Че Гевара.