Дали знаете како настанува златото? Ова видео ја објаснува неговата цена

1071

На нашата планета се наоѓаат голем број ресурси кои луѓето ги користат со неверојатна брзина. Златото е едно од тие ресурси кое со векови се користело како парична валута и кое денес вреди огромна количина на пари.

Но, многумина не знаат како настанува златото. Повеќето сметаат дека тоа е производ на нашата планета и дека се создава само на Земјата, но тоа не е вистина.

Златото е всушност вселенски продукт кој настанува со судар на две неутронски ѕвезди. Златото и другите тешки елементи се формираат по судар на двојни ѕвезди составени од неутрони, што претставува вистинска космичка катаклизма. Во ваквите случаи кои траат неколку милисекунди, се развиваат многу големи енергии и температури и до милијарда Целзиусови степени. На овој начин, релативно полесните јадра, на пример јадрата на железото, собираат неутрони и протони и стануваат јадра на многу потешки елемети, како што се златото и платината. Тоа значи дека цело злато на нашата планета настанало милијарди години пред Земјата и дека истото потекнува од непознати страни на вселената.

Токму поради оваа причина златото е неверојатно ретко, но и скапо.

Погледнете го видеото кое графички ќе ви прикаже како златото настанува во вселената, па следен пат сетете се на ова кога ќе го погледнете вашиот златен ланец или часовник: