Дали знаете кој град во Грција се смета за зимски Миконос!? – цена на ноќевање е од 6.000 денари па нагоре

671

Космополитанското, планинско гратче Арахова е совршено место доколку сакате да биде во Грција и во текот на зимската сезона. На околу два часа возење од Атина, Арахова во Грција често се нарекува и “зимски Миконос“ благодарение на Атињаните кои нивните викенди ги поминуваат токму таму.

На падините на планината Парнасос, Арахова претставува неочекувано “швајцарско парче“ во срцето на Грција. Зимското гратче својата слава ја долгува најмногу на својот космополитански дух добро искомбиниран со традиционални и локални обичаи како и големи ски центри на Парнасос.

Келарија, Теролака и Герондовархос се главните три локации за скијање од кои само Келарија има 15 стази, 23 ски лифтови и се наоѓа на надморска висина од 2.280 метри така што ви ги нудат сите можности доколку сте добар скијач. За почетници ски центарот нуди и голем број на школи за скијање.

Доколку сте љубител на долги прошетки, безбројните стази ќе ве однесат до кристалните извори и водопади и до 80 метри.

Освен скијање, Арахова е идеален град во него да ги поминете и есенските денови. Доколку одите таму, задолжително треба да го пробате локалното сирење формаела кое се продава само таму и локалното ципуро во еден од безбројните традиционални ресторани.

Штом падне мрак, Арахова нуди голем број барови, клубови кои работат до утринските часови.

Исто така ова гратче изобилува и со историја. На само 30 километри од Арахове се наоѓа преубавиот манастир св. Лука, едно од најзначајните византиски дела на архитектурата во Грција.

Доколку имате можност во зимските денови да го посетите ова гратче тоа би било идеално за вас, но треба да знаете дека цените и не се толку многу пристапни, па така цената за ноќевање во една двокреветна соба се движи одоколу 6.000 денари па нагоре.