Дали знаете за градот кој тоне по 10 сантиметри годишно, поради подземно езеро?

1304

Главниот град на Мексико тоне по десет сантиметри годишно, бидејќи под него се наоѓа пресушено езеро, тврдат научниците.

– Мексико Сити тоне околу десет сантиметри годишно и тешко дека тоа може да се спречи. Овој феномен е забележан од научниците уште на почетокот на минатиот век, се наведува во заклучокот на студијата објавена во научното списание ЈГР Солид Ерт.

Причина за таквата појава е подземното езеро кое останало без вода, поради што пропаѓањето на градот, изграден на површината, е речиси неминовно.
Некои делови веќе се наоѓаат под површината на пресушеното езеро, а научниците тврдат дека постои голем ризик од испукување на површината, што може дополнително да ја оштети инфраструктурата и да предизвика загадување на останатите резерви на вода.