До вчера брачна идила, однеодамна секој на своја страна. Даниел Кајмакоски и неговата сега веќе екс – сопруга Кристина Димитриевска расчистија со брачните обврски еден кон друг, но не застанаа тука.
Даниел по паузата долга, речиси толку, колку што беше во брак, и’ се врати на првата љубов – музиката! Бекството од стварноста е добродојдено, особено ако е влез во магијата на професијата. Затоа влезот во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“ за Кајмакоски е лек со двојно дејство. И за душата и за кариерата. Патем, таа приказна добро му е позната, па затоа во шоуто е како дома. Како риба во вода.
Конечно: „Шоуто мора да продолжи“… Како што и самиот Даниел напишал покрај споделената фотографија од снимањето на ТЛЗП. Пред камерите, а и зад нив, каде се раѓаат нови пријателства, нова блискост, нови симпатии, па можеби и нова љубов… Која секогаш започнува откако некој нов ќе заврши во твоите прегратки.
Како колешката Едита Арадиновиќ, која се „залепила“ до нашиот Даниел, а во описот на „селфито“ напишала дека има прекрасна енергија помеѓу нив. А кога има енергија, има и раздвиженост. Најпрвин на хормоните, а потоа… Потоа, испаѓа дека „твоето лице ми изгледа ептен познато“… Одблизу! И не само лицето!
И додека Даниел Кајмакоски снима, снима и неговата бивша сопруга. Само што за него шоуто мораше да продолжи, додека таа мораше да се соблече, за шоуто да почне!
Најпрвин Кристина сними песна и видеоспот, па потоа и фотосесија.
И во обете варијанти, особено во втората, на виделина раскошните телесни атрибути на сексапилната тетовка. А кога Кристина ќе се соблече има што да се види на неа.
И она што го дала мајка природа и она што дал спонзорот да (с)облече или поточно да рекламира и тоа во премиум варијанта. А спонзорот, реномиран домашен производител на долна облека.
Па, ако вокалните способности и не се на ниво на екс – споругот, телесните квалитети и се на исто, па и поголемо рамниште од оние, кои сега му завршуваат во прегратка, зад камерите.
А кога сме веќе кај камерите и прегратките, ниту новопечената пејачка не остана покуса од својот екс сопруг. Па дури и ја бојадиса косата за да може да му парира на оној во чија прегратка таа заврши за време на неговото ресторанско гостување во Скопје – српскиот пејач Саша Ковачевиќ.
Како негова обожавателка, нова пријателка или… Впрочем Кристина е сега слободна жена без обврски, па може да бира со кого ќе парадира… И пред и зад камери! Зашто шоуто, како и животот… Сепак, мора да врви!