Заврши љубовната врска на познатиот пар Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, пишува хрватско „Стори“. Како што се вели парот повеќе не живее заедно, а веста за раскинувањето не сакаат да ја коментираат. Тие заедно поминаа цели 24 години.
Даниела пред нешто помалку од два месеци на Грашо му упати емотивна честитка за роденден „Нека ти биде се најсино…нека ти биде се море. Среќен роденден“, напиша таа под заедничката фотографија која се уште може да се пронајде на нејзиниот Инстаграм профил.
Парот ретко можеше да се види заедно во јавноста, а повеќе пати двајцата нагласуваа дека на нивната врска не и е потребен брак за да останат еден покрај друг.
Тие се запознале во 1995 година, а две години подоцна ја започнале својата љубовна врска.