Данска трајно ќе ја прекине вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека, објави денес данската телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори.
Таквиот потег ќе предизвика одложувања во кампањата за вакцинација во таа земја, пренесува Ројтерс.
Претходно, Европската комисија објави дека нема да ги обнови договорите за вакцини со АстраЗенека и Џонсон&Џонсон за следната година и дека официјален Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија mRNA, како што се вакцините Фајзер и Модерна.