Дански солзи во Малме: Унгарија го надигра Исланд и го исфрли светскиот првак од ЕП

780

Првиот натпревар од вчерашниот ден на Европското првенство донесе нова сензација. Унгарија со сигурни 18-24 славеше над Исланд, но оваа победа на избраниците на Гулаш немаше да биде сензационална, доколку со истата не беше елиминиран актуелниот светски и олимписки шампион Данска.

Дербито за првата позиција во групата Е, кое се играше во Малме, стартуваше со сигурна игра на Унгарците и почетно водство од 3-0. Исланѓаните на својот прв гол чекаа дури шест минути, кога погоди Сигурдон за 3-1, по што следуваше неочекуван пад на Унгарија и серија на Исланд од 6-3.

Избраниците на Гудмундсон продолжија со одличната игра и стигнаа до позитива од пет гола разлика, но Унгарија успеа да намали и на пауза замина со негатива од три гола (12-9).

Вториот дел започна со подобра игра на Исланѓаните, кои до 40. минута го чуваа водството, по што влегоа во голема криза и Унгарија соодветно казнија и со позитивна серија не само што израмнија, туку во финалните десет минути влегоа со водство од три гола (17-20). Иако се очекуваше нов налет на Исланѓаните, тоа не се случи и Унгарија заслужено со 18-24 го сведе мечот во своја корист и како лидер патува во втората фаза.

Бахиди со осум гола и Миклер со 14 интервенции беа најзаслужни за унгарскиот триумф, а Палмарсон и Сигурдсон со по четири гола беа најефикасни во исландскиот табор.

Данска во последниот натпревар од првата групна фаза ќе игра за престиж против селекцијата на Русија.