Селекцијата на Италија по вторпат во својата историја дојде до триумф на европските шампионати, титула која ја обезбеди со победа над Англија на „Вембли“.
Италијанците беа подобар противник ако се погледне целиот натпревар, но до пехарот мораа да дојдат по пенал серијата во која херој беше голманот Џанлуиџи Донарума.
Овој резултат донесе многу среќа, радост, задоволство кај сите во таборот на „аѕурите“, па големиот борец Даниеле Де Роси одлучи на свој начин да го прослави успехот.
Де Роси е дел од стручниот штаб на Роберто Манчини, ама неговата страст за победи, успеси и иста како да е на теренот.