Деца робови мораат да одгледуваат марихуана: Илегални фарми за канабис се шират со огромна брзина

994

Стотина деца се носат од земји како што се Судан, Еритреја, Ирак и Авганистан, покажуваат податоците на британската влада.

Експертите стравуваат дека голем број на деца робови работат на фарми за канабис во Лондон, откако биле објавени најнови податоци за растечкиот број на тие фарми во британската престолнина.

Полицијата од 2016. година пронашла 314 илегални фарми за канабис во Лондон, покажуваат податоците кои ги објавил весникот “London Evening Standard”.

Експертите наведуваат дека децата се носат од Виетнам и други земји да работат на тие фарми, кои често се лоцирани во рамките на станбени комплекси, како и дека обемот на овој проблем се потценува.

“Потенцијално повеќе од илјада деца и млади се носат преку трговија со луѓе од Виетнам и се експлоатираат од немилосрдни криминални банди”, вели портпаролот на организацијата “Antislavery Internacional”, Јакуб Собук.

Повеќе од 2.000 жртви на трафикинг со деца се проследени од британските власти минатата година, а повеќето од нив се користени за сексуални услуги, како и послуга или принудна работа.

Стотици деца се носат од земјите како што се Судан, Еритреја, Ирак и Авганистан, покажуваат податоците на британската влада.

Погледнете ги сите вести од Свет