Дедо Мраз од пеколот: На туѓи деца им делел пакетчиња, а синот и ќерката ги закопал во дворот!

812

Американец од Грузија, кој до неодамна бил вработен како сезонски Дедо Мраз во локалниот трговски центар, бил уапсен бидејќи телата на неговите две деца се пронајдени во дворот во неговата куќа.

Елвин Крокер (50) никогаш не го пријавил исчезнувањето на своите деца, за чие убиство е обвинет. Уапсен е кога замениците на шерифот дошле во неговиот дом во градот Савана, за да проверат дали е сè во ред со неговата 14-годишна ќерка Мери.

После краток разговор, Крокер ја однел полицијата во дворот позади куќата и ѝ го покажал местото на кое ги закопал телата на Мери и нејзиниот брат.

Шерифот од таа област, Џими Мекдуфи, рекол дека Мери Елвин не е видена од октомври. Лицето кое повикало полиција рекло дека се плаши Мери да не е мртва, што на крајот, за жал, се испоставило дека е точно.

Синот на Крокер наводно исчезнал уште во ноември 2016-та година, кога имал 14 години.

„За ниту едно дете не е пријавено исчезнување“, рекол шерифот.