Раџив Иштари (45) од индиското село Митрес во близина на градот Бопал е уапсен под обвинение дека го масакрирал таткото на неговата сопруга Дарпан (63) отако дознал дека тој седум години постојано ја силувал неговата ќерка Кеја (19).
На Раџив му се „стемнило пред очи“ кога една вечер ја видел ќерка си во собата како плаче, по што таа Кеја му признала дека дедо и Дарпан со години ја силувал секогаш кога тие двајца ќе останеле сами во куќата, како и дека мајката Амара (37) знаела што се случува.
Според зборовите на полицајците коишто го привеле, таткото не бил премногу вознемиран туку бил прилично свесен што направил и цело време повторувал дека правдата конечно е задоволена, обајви timesnownews.com.
Најголемиот шок му беше кога ќерка му му кажа дека мајката знаела се од почетокот. Исто така, таа и кажала на Кеја да молчи за силувањата за да не се расчуе по селото во коешто живееле дека Дарпан не е таков каков што го познаваат сите – изјавиле полицајците од селото.
Откако дознал за злосторствата, Раџив дошол дома одлучен дека мора нешто да направи. Прво ја прашал Амара зошто никогаш не му кажала што и се случува на Кеја, но не добил одговор. Потоа смислил план како да го убие Дарпан, што го направил следното утро.
Раџиф не отишол на работа, жалејќи се на болки. Кога Амара заминала на пазар, земал мачета од дворот и со неа го масакрирал дедото, по што мирно чекал да се открие што направил и да биде уапсен.
Тој повеќе пати кажа дека никогаш не се посомневал дека нешто му се случува зад грб. Кеја не покажувала дека и е лошо. Иако забележувал дека е во влошени односи со мајка и, тој мислел дека тоа е поради нејзината тинејџерска бунтовност и растењето – изјавиле полицајците.