Дефанзивецот на Лајпциг си го голтна јазикот по бизарен удар со топката, соиграчите се преплашија на теренот

793

Фановите на Ред Бул Лајпциг можеа да уживаат во историската ноќ и со пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но покрај трите постигнати гола и радоста на „Ред Бул арена“, имаа и еден стравичен момент кога се молеа за својот фудаблер.

Норди Мукиеле заработи навидум еден обичен удар од топката, но во дадената ситуација работите се искомплицираа и дефанзивецот на Лајпциг си го голтна јазикот. Неговите соиграчи панично почнаа да ги викаат лекарите, а за среќа медицинските лица навреме реагираа и го освестија дефанзивецот. По претрпениот шок, Мукиеле веднаш беше префрлен во болница, а добра вест е што оттаму испрати оптимистичка порака.

– Малку се исплашив, но на кого му е грижа? Лица со солзи од задоволств…. историски пласман и неверојатно чувство. Ви благодарам за поддршката, – порача Норди.