Прекрасната вила во Ница, Франција, која припаѓала на неодамна починатиот Шон Конери е ставена на продажба, а потенцијалните купувачи имаат прилика да видат во каков луксуз уживал легендарниот актер.
Раскошната куќа на југот на Франција, оддалечена само 30 минути од Монако и Кан, му служела на Конери како семејно гнездо во кое живеел со неговата сопруга, се додека пред 12 години не одлучиле да се преселат на Бахамите, каде што Шон почина на 31 октомври.
Импозантната градба која се простира на речиси 1.000 квадратни метри станбен простор, опкружена со повеќе од 5.000 квадратни метри прекрасен двор со поглед кон тиркизното море, маѓепсува како со ентериерот, така и со екстериерот.
Минималистички, но луксузно уредената вила располага со 8 спални соби, додека главната спална соба се протега на целиот последен, 4-ти кат и има две одделни купатила и пространа просторија за гардероба и пресоблекување.
Во склоп на куќата има и 2 одвоени гостински вили со свои спални соби, трпезарии и други основни простории, додека во главната вила има се што ви треба за релаксација и забава – теретана, отворен и затворен базен, сауна, вински подрум…
По смртта на Шон Конери, цената на вилата се зголемила, па сега се продава за неверојатни 34 милиони долари.