Андерсон Луис де Соуза, или за светската спортска јавност многу попознат како Деко е поранешен португалски фудбалер кој триумфираше во неколку европски гиганти, најпрво како член на Порто, а потоа и како играч на Барселона и Челси.
Легендарниот играч за врска во текот на денешниот ден се врати во Барселона со цел да го прикаже на овој град трофејот во Лигата на шампионите, натпреварување за кое сега одлучи и да ги посочи главните два фаворити во интервјуто кое го направи за „Мундо Депортиво“.
– Постојат само два фаворити за титулата во Лигата на шампионите. Барселона и Јувентус, тимовите за кои играат Меси и Кристијано. Барселона го има Лео и ако тимот биде во добра кондиција, може да се надеваат на се. Од друга страна, Јувентус доби многу со Кристијано. Тој што мисли дека Реал не загуби ништо со заминувањето на Роналдо, не знае ништо за фудбалот. Во позадина се и Ливерпул, Баерн и Реал Мадрид, но Барса и Јуве се најголеми фаворити оваа сезона, – потенцира Деко.