Дел од древниот череп ископан во пештера во Иран: Научниците веруваат дека е откриена кариката која недостасувала

1002

Во третата фаза на ископувањето во пештерата Колдер, дошло до откритие за кое се смета дека е едно од најретките такви видови на западот на Азија.

Дел од древните черепи кои припаѓале на Хомо сапиенс, пронајден е на археолошкото наоѓалиште на западот од Иран.

Како што навеле археолозите, во третата фаза на археолошките ископувања во пештерата Колдер во градот Корамабад, дошло до наоѓање на човечки череп, кој е ставен на листата на најретки пронајдоци во западна Азија.

„Со оглед на големата старост на културните докази откриени во новите палеолитски слоеви во пештерата Колдер, која моментално се смета за најстара на иранскиот палеолитен локалитет, ова е едно од најретките откритија од таков вид на западна Азија“ – изјавил Бехроз Багдир.

Како што изјавил тој, ова може да биде кариката која недостигала во ланецот на еволуција на човекот со оглед на тоа по кој пат одел Хомо сапиенс преку Африка до Азија, потоа во Евроазија и на крајот во Европа.