Дел Пјеро: Честитки за Македонија, заслужи да победи

663

Германците отворија процес за тоа што ги снајде синоќа против Македонија на Игор Ангеловски, а светските медиуми не престануваат да ги вртат головите и фотографиите од радоста на македонските херои.

Експертот на ЕСПН, легендата Алесандро Дел Пјеро, ги критикуваше германските фудбалери, но упати и честитки за играта на Пандев и другарите.

„И првите два натпревари во квалификациите Македонија ги одиграа одлично, односот беше добар, креираа доста шанси за гол. Против Романија пропуштија чисти шанси, но оваа победа е нешто неверојатно.

Квалитетот на Германците не е доволен, мора да имате храброст и одлучност. Видов опуштена Германија, која веќе ја напушти својата комфорна зона.

Честитки за Македонија, заслужи да победи, тие им се спротивставија на фаворитот на вистински начин“, рече светскиот првак од 2006 година, Алесандро Дел Пјеро.

Македонското чудо во Дуизбург е една од најголемите победи во историјата на македонскиот спорт и може да се споредува само со триумфот за Европско првенство против Грузија. Од останатите спортови сензацијата од синоќа се парагонира само со победата на кошаркарите над Литванија на Европското првенство 2011 година и триумфот минатиот месец на ракометарите против светскиот првак Данска.