Деми Ловато со шокантно признание: „Сакам и мажи и жени!“

851

Деми Ловато неодамна гостуваше во радио-емисијата на Енди Коен и откри како на родителите, пред неколку години им признала дека е сексуално флуидна, односно дека нејзината сексуална определба е подложна на промени.

Не им реков на родителите дека постои шанса да завршам со жена до 2017 година. Беше емотивно, но многу убаво. Тато само рече: Добро, очигледно. Бев многу нервозна поради мајка ми, но таа ми рече: Само сакам да си среќна. Тоа беше прекрасно и одлично. Благодарна сум за таквите родители“, објаснила пејачката.

Додала дека и требало многу храброст за едно вакво признание.

Кога се се заврши, се тресев и плачев“, кажала Деми.

Таа во истото интервју открила дека има желба да стане мајка, без разлика на тоа дали има партнер или не.