На популарната актерка ова ѝ е вторпат да се фотографира гола за некоја насловна, а првпат тоа го направила во 1991-та година во седмиот месец од бременоста.
Славната актерка Деми Мур (56) позирала гола за октомврискиот број на списанието „Harper’s Bazaar“ носејќи само розов шешир и дијамантска нараквица.
Актерката во шестата деценија од својот живот покажала витка линија и исклучително тело.
Меѓутоа, ова не е првпат актерката да позира целосно гола за насловна на некое списание.
Таа исто така во 1991-та година во поодмината бременост позирала за насловната страна на американското списание „Vanity Fair“.
На себе тогаш носела само дијамантски обетки и прстен. Тој нејзин чин предизвикал полемика и критика, а на самата Деми тоа не ѝ пречело.