Кинескиот претседател Си Џинпинг изјавил дека новиот тип на корона вирус, кој многу брзо се шири во Вухан е “демон“ кој мора да биде победен, но водечките експерти не се согласни со одговорот на прашањето “колку време ќе биде потребно за вирусот конечно да се стави под контрола“.
Џонг Наншан, експерт за респираторни болести кој одиграл клучна улога во борбата во Кина против епидемијата на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) во 2002-2003 година, верува дека стапката на ширење на вирусот би можела да го достигне својот врв на ширење на почетокот на февруари.
„Мислам дека вирусот својот врв ќе го достигне за седум до десет дена, а потоа нема да има голем број на зголемување на заболените од истиот“ – рекол Џонг.
Тој исто така оценил дека кинеските напори за рано откривање на болеста и спроведување изолација биле исправни.
„Откако ги направивме тие две работи, сигурни сме дека ќе спречиме следно нагло зголемување на заболени луѓе… САРС траеше цели пет или шест месеци, но не верувам дека новиот корона вирус ќе опстане толку долго“ – оценил тој.
Од друга страна пак, Габриел Лиунг, деканот на Медицинскиот факултет во Хонг Конг изјавил дека истражувањата покажале дека болеста веќе сега лесно се пренесува од човек на човек во сите големи градови во континенталниот дел на Кина и предупредил на опасност од оваа епидемија.
„Мора да бидеме подготвени, оваа специфична епидемија можеби ќе стане глобална“ – рекол тој и ја повикал владата на Хонг Конг да ги “увидат значењата и драконските мерки“ за да го ограничат движењето на жителите.
„Доколку се придржуваме до сегашните мерки, ситуацијата би можела да тргне на подобро во иднина“ – рекол Гао Фу од кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, а според неговите проценки тоа би можело да се сличи пред 8-ми февруари.