Денес ќе имаме високи температури и голем УВ индекс, внимавајте да не излегувате непотребно надвор

836

Денес според метеоролозите не очекува вистинско летно време.

Според управата за хидрометеоролошки работи во Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. 

Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 35 степени целзиусови.

УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

До сабота претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло.

Во сабота кон крајот на денот и во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилна облачност на места со пороен дожд и грмежи.