Денес на паркинг ми ја изгребаа колата, пријатно се изненадив кога го најдов ова ливче

939

На социјалните мрежи неретко може да се најдат објави каде чесни луѓе кои ќе удрат или изгребат туѓ автомобил на паркинг оставаат контакт за да ја поправат штета. Но, ова можеби е прв таков случај во Македонија.

На твитер е објавена фотографија од ливче на кое е оставен телефонски број откако бил изгребан автомобил на паркинг.

-Извинете ние ви ја изгребавме колата. Брат ми е почетен возач. Ве молам за разбирање. Ако има потреба за некаков надомест еве контакт број, е напишано на ливчето.

Дури и корисникот на Твитер чија кола била „жртва“ е изненаден од целата ситуација.

-Денеска на паркинг ми ја изгребаа колата. Пријатно се изненадов кога го најдов ливчето. Се уште има поштени луѓе. П.С. Се слушнав со дечкото. Нема штета голема. Така да… Се е ОК, ќе части кафе некогаш, се вели во објавата.

Ова наиде на позитивни коментари на социјалната мрежа.